Во ДИК го чекаат пиштолџијата од Гостивар

„Го чекаме да дојде револтираниот гласач со пиштол. Некако ова не е нормална реакција на гласач, без разлика на проблемот“, изјави днеска претседателот на ДИК Оливер Дерковски за „Слободен печат“ околу вчерашната закана од граѓанин на Гостивар дека ќе влезе во Државната изборна комисија со пиштол.

„Очекуваме МВР и Јавното обвинителство итно да постапат по овој случај.

Ако добро го сфатив, Пендаровски му вели: оди, оди. Мора претседателските кандидати да внимаваат што зборуваат на митинзите“, изјави Деркоски.

Причина за „револтот“ и заканите на граѓанинот било тоа што тој бил избришан од Избирачкиот список.

SHARE