Во ЕЛЕМ вработен и дедото на Кирацовски, а тештата…

Борче Поповски, татко на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е вработен во ЕЛЕМ во Битола, дознава Лидер.

„Пред да работи во ЕЛЕМ, дедото на Кирацовски беше таксист. Сега, Борче е вработен во “Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”, на позиција магационер. Иако се работи за човек во поодминати години, тој ја завзема оваа работна позиција, која е прилично “легачка”. За сега е вработен преку агенција за времени вработувања, но кај и да е ќе добие решение“, вели извор за Лидер.

Порталот дознава дека и тештата на Кирацовски, Мери Поповска, е вработена на позицијата „секретар на ДУД Мирка Гинова“, позиција која до сега не постоела.

SHARE