Во ЕЛЕМ вработен и претседателот на СДСМ Гостивар

„ЕЛЕМ се одговорни за се, нив прашајте ги. Не знам кога беше огласот, видете со нив“- изјавил Зоран Ангелов, кој од пред некој ден работи во Компанијата ЕЛЕМ.

,Како што дознава ТВ 24, Ангелов е вработен на неопределено време во ХЕЦ „Маврово“.

Од ЕЛЕМ потврдија дека тој е примен на последниот оглас како инженер за машинско одржување, на неопределено време.

SHARE

Оставете Коментар