Во фонтаните ќе се пушти вода, наместо ѓубре

Екипите на „Водовод и канализација“ почнаа со чистење и подготовка за стартување на фонтаните во центарот на Скопје, по реакциите во јавноста дека овие места се претворија во канти за смет.

Од Јавното претпријатие и во врска со ова објаснија дека временските услови, (нискитѕе температури) биле причина што досега фонтаните не биле ставени во употреба.

SHARE