Во Ирак „испорачани“ џихадисти на ИСИС – главно Французи

Сириските демократски сили предводени од Курдите досега му ги предадоа на Ирак повеќе од 280 ирачки борци од Исламската држава Ирак и Левант.

Вкупно 502 борци треба да бидат екстрадирани во Ирак

Сириските опозициски сили кои се борат против Исламската држава (ИСИС) , минатата недела му се предадоа  20 странски џихадисти на таа организација на Ирак.

Меѓу нив, 14 француски државјани, објави агенцијата Ројтерс, цитирајќи неименувани ирачки воени извори.

Претходно, ирачката армија објави дека досега биле испорачани повеќе од 280 џихадисти, од вкупно 502 борци кои треба да бидат екстрадирани во Ирак.

SHARE