Во истрага на ЈО, покрај Богоевски би се гонеле уште две лица

Доколку Јавото обвинителство собере храброст да го имплементира законот без да се плаши од владата и одлучи да спроведе истрага за случајот „Кокаинот на Богоевски“ уште најмалку двајца граѓани покрај пратеникот на СДСМ ќе бидат дел од истражните активности.

Покрај Павле Богоевски кој теоретски се соочува со високи казни затвор обвинителството ќе мора да истражи дали навистина таксист го снимал пратеникот додека го возел по што ги објавил аудио снимките, како што тврди Богоевски.

Покрај ннив двајца обвинителството мора да открие дали дилерот кој што му продава наводно масло од канабис, како што тврди Богоевски, има соодветна документација за трговија со наркотички средства.

Според неговото сопствено признание искажано преку профилот на Фејсбук Павле Богоевски може да биде гонет по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Едното дело се казнува од 1 до 10 години затвор, а другото од 1 до 5 години. Доколку се работи за казна над 5 години Богоевски би го изгубил пратеничкиот имунитет и ќе може да му се суди.

Казните се високи и за неовластено снимање приватни разговори и нивно објавување како што го обвини Богоевски таксистот кој наводно го снимал додека го возел неодамна.

Ако има истрага и судење ќе настрада и дилерот на Богоевски и тоа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства без разлика дали се работи за кокаин или за масло од канабис.

SHARE