Во Кина 41 починат, коронавирусот стигна во Европа и во Австралија

Кинеските властии соопштија дека има нови 15 смртни случаи заразени со короналниот вирус, со што бројот на загинатите достигна 41.починат.
И покрај тоа што се преземени мерки за ширење на епидемијата – ограничување на движење, суспендирање на јавниот превоз во 10 града, затворање на храмови за време на кинеската новогодишна прослава, забрана за посета на Кинескит ѕид – вирусот излезе надвор од Кина.

Во Франција, вчера се регистрирани три случаи на заразени кои патувале во Кина.
Австралија денеска објави за прв случај на коронавирус во државата Викторија, при што пациентот е хоспитализиран во стабилна состојба во предградие на Мелбурн, соопштија австралиските власти.
Се тврди дека кинескиот државјанин (50), кој пристигнал во Австралија во јануари, е изолиран и е на лекување во болница.
И Малезија денес потврди три случаи на инфекција со коронавирус, првиот во Југоисточна Азија.
Во меѓувреме, Кина од 24 јануари потврдила 1.287 случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на смртни случаи од вирусот е зголемен на 41, соопшти денеска Националната здравствена комисија.

SHARE