Во Косово осум починати и 207 нови случаи на корона за 24 часа

На Косово, потврдени се 207 нови случаи на коронавирус по извршени 401 тест, а осум пациенти починале, соопшти Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Општина Приштина е сè уште во водство, со 77 нови заразени, јавува „Ал џезира“.

Од почетокот на пандемијата во Косово, тестирани се 26.916 лица, од кои 4.307 биле позитивни, со 94 смртни случаи.

Во моментов има 2.118 активни случаи на вирус на коронавирус.


SHARE