Во Крушево уапсени три лица

Во Крушево се уапсени Драган Угриновски и уште две други лица, објавува активистот за човекови права Ицо Најдовски.

Тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод. Најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен.

Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.

“Сега зборував со Dragan Ugrinovski. Се наоѓа во полициска кола и фашистите го носат во прилепската полиција.
Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод.
Илинден 1936, Крушево!”, пишува Најдовски.

SHARE