Во Липково 17 заразени, во Куманово – двајца

Од новите 19 случи на коронавирус регистрирани во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово, 17 се од Општина Липково, а само двајца од Куманово. Според директорот Ариф Љатифи, новозаболените се од познати кластери, семејства каде што веќе има позитивни на КОВИД-19, пренесува порталот СакамДаКажам.

„Во Никуштак се 9, Матејче 7 и еден од Виштица. Има од сите генерации. Во текот на денот, три неши екипи вршат масовни тестирања во селата и планирано е да се направат 100 теста, ако жителите прифатат да се тестираат“, вели Љатфи.

Вчера во Липково имаше 10 регистрирани случаи.

Во Куманово досега вкупно се заразени 500, од кои активни се 85, а оздравени 391.

SHARE