Во Македонија ќе потече руски гас!?

Извршниот директор на компанијата „Булгартранзитгас” Владимир Малинов во интервју за весникот „24 часа“ соопшти дека Бугарија е подготвена од почетокот на следната година од гасоводот „Турски тек“ да обезбеди транзитни испораки на гас за Грција и Македонија.

„Ние сме подготвени дури и ако од почетокот на годината преку Трансбалканскиот гасовод преку Украина биде запрен транзитот на руски гас. На 30 ноември Турција го направи „златното“ заварување што го поврза „Турски тек“ со нашиот гасовод „Балкански тек“, соопшти Малинов.

Директорот на бугарската компанија за гас рече дека поставувањето на цевките до границата со Србија на делницата на гасоводот „Балкански тек“ долга 308 км ќе биде завршено на 31 мај. Потоа испораките преку гасоводот ќе можат да се реализираат во количина од 8,75 милиони кубни метри гас дневно. Дотогаш гасот преку територијата на Бугарија ќе тече преку постојната гасоводна мрежа.

Новиот гасовод „Балкански тек“ преку територијата на Бугарија, долг 484 километри, треба да биде завршен до крајот на 2020 година.

SHARE