Во Македонија просечна плата 409,8 евра – најниска во регионот

Најновите статистички податоци на Заводот за статистика покажуваат дека просечната плата во земјата изнесува 409,8 евра.

Просечната есечна нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра и тоа е единствена плата во земјите во регионот која го надминува „магичниот износ“ од 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно повисока од просечната заработка во речиси сите земји од регионот на Балканот, освен Хрватска, уште една членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува 873,9 евра.

По неа следи Црна Гора, каде според последните официјални податоци на Заводот за статистика на земјата, просечната плата во јули 2019 година изнесувала 511 евра.

Најниски просечни плати се во Македонија и Албанија, додека во Србија и Босна и Херцеговина се малку над нив. Во БиХ просечната плата е 469 евра, Србија 454,7 евра, а во Албанија просечната плата изнесува 423 евра.

SHARE