Во МАНУ научен собир за „Македонското другарство“ од 1902 година

Во организација на Одделението на лингвистика и литературна наука, денеска во Македонската академија на науките и уметностите се одржа свечен собир посветен на Македонското научно и литературно друштво основано во Санкт Петербург во 1902 година од Крсте Мисирков и преродбеникот Димитрија Чуповски.

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев го отвори настанот на кој се обратија академик Катица Ќулавкова, др. Билјана Ристовска Јосифовска, др. Ганка Цветанова и дописниот член на МАНУ Драги Ѓорѓиев кој е шеф на македонскиот дел од Комисијата за историја со Бугарија.

Со собирот со пригодни говори
беа одбележани 120 години од почнувањето на активностите за формирање на македонското научно-литературно друштво во Санкт Петерсбург, 80 години од смртта на Димитрија Чуповски и 30 годишнината од пренесувањето на неговите мошти од Санкт Петерсбург во Скопје.

Основањето на ова македонско друштво во Санкт Петерсбург се смета за никулец на македонската научна мисла поради што МАНУ планира од идната година да го вгради во својата историја како основа на која настанала и македонската академија.

SHARE