Во НАТО пред априлските избори, вели Шекеринска


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изрази уверување дека претстојните избори ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата.

„Сигурна сум дека изборите ќе ги организираме како 30. членка на НАТО Алијансата и после 30 години вртење во место, после 30 години ветувања на многу политички елити, ќе ја имаме честа и одговорноста да сме биле тука кога е постигнат тој најголем успех. Мислам дека тоа ќе биде најголемиот плус, најголемиот резултат кој што дури и критичните граѓани ќе го поздрават со релаксација и здивнување. Долго време се плашевме дека на првата кривина нешто ќе се случи спротивно на нашите интереси. Покажавме дека ова го почнавме и за две и пол години го крунисавме со успех. Тоа е успех на Владата, меѓутоа тоа е пред се успех на нашата држава, рече Шекеринска.
Таа ги оцени како охрабрувачки последните вести од Шпанија дека на барање на новата Влада на Педро Санчез ратификацијата на Протоколот ќе се одвива по итна постапка. „Станува јасно дека нашиот приоритет е и приоритет на НАТО и на земјите членки на НАТО. Новоформираната шпанска Влада го пушти законот за ратификација во брза постапка, покажува дека го делиме приоритетот. Северна Македонија 30. членка на НАТО звучи гордо, но и моќно, безбедно, сигурно и стабилно. За нашата земја ова е историски, а за нас, генерациски успех. Тој претставува исполнување на стратешката цел на повеќе генерации. Тој успех значи и повеќе пари во економијата. Тоа го потврдија четирикратното зголемување на странските директни инвестиции, последните движењата на берзата, 60.000 работни места и зголемените плати и пензии. Одговорноста на сите нас е оваа стратешка цел која ја постигнаве да ја чуваме во интерес на државата, на граѓаните, на денешните на следните генерации Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, рече Шекеринска.

SHARE