Во несреќата загина и син на пратеник

Јовица Трпевски(25), син на пратеникот Благојче Трпевски од Гостивар е еден од загинатите во тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

15 лица загинаа и триесетина беа повредени во вчерашната несреќа кога автобус излета од патот.
Шест од повредените се во тешка и животно загрозувачка здравствена состојба.

Во Гостивар е прогласена тридневна, а во цела Македонија дводневна жалост.

SHARE