Во очекување на Оскар, уште една награда за „Медена земја“

Македонскиот филм „Медена земја“ кој е номиниран за Осакр во две категории: за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм, доби уште една престижна награда.

Кинематографите Самир Љума и Фејми Даут се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на ASC наградите (The American Society of Cinematographers).

Наградата на кинематограферите им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

„Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продукцијата е на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

SHARE