Во Охрид има 700 нелегални градби

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески  на прес-конференцијата рече дека проблемот со нелегалната градба во овој град е урбанистички и социјален проблем, но тука има и бизнис интереси.

„Ние секој случај посебно ќе го разгледуваме и кога ќе ја утврдиме фактичката состојба ќе нема селективна примена на решенијата“, кажа Георгиески.

Во Охрид има околу 700 нелегални градби, но за секоја дивоградба за која има кривична пријава ќе нема спас, па било чија да е, рече градоначалникот Георгиески.

Граѓанското здружение „Совест“ веќе подолго алармира за бесправната изградба на 32 метарско минаре во склоп Али пашината џамија.

Во Нацрт-извештајот на УНЕСКО објавен вчера се препорачува препорачува природното и културното наследство на Охридскиот Регион да се стави на Листата на загрозено светско наследство поради неодмерената градежна експанзија и загадување.
Денеска во Охрид почна корнењето на околу 150 палми засадени во 2016 години.

Извештајот треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни до 10 јули.

Извор: СДК

SHARE