Во Охрид не се гради ништо освен дивоградби

Повеќе од две години во Огрид нема нови проекти и нови инвестиции, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Охрид не доби современ Градски Кеј, додека пак пристаништето се распаѓа, нема изградба на катни гаражи во централното градско подрачје, нема ништо од новиот лик на плоштадот Крушевска Република, нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади, нема ни трага од четирите спортски сали во ОУ „Кочо Рацин“-нас. Радојца Новичиќ, ОУ „Братство-Единство“, ОУ „Ванчо Николески“-Лескоец, ОУТУ „Ванчо Питошески“, вели шефот на центарот за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Меѓу нереализираните проекти, Божиновски ги наброи и изградбата на новиот Здравствен дом, Детски културен центар, Младински културен центар и современи детски игралишта, нов Театар, затворен базен, решавањето на проблемот со кучињата скитници.

Според Божиновски единствено што актуелната валст направила се бројните дивоградби кои го загрозуваат статусот на Охрид под УНЕСКО, пренесува „Охридњуз“.

SHARE