Десет млади бразилски фудбалери на клубот „Фламенго“ загинаа во пожар што избувна во кампот за обука во Рио де Жанеиро, а тројца се повредени, објавија медиумите во земјата.

Фудбалерите, на возраст од 14 до 17 години, спиеле во клупскиот камп, а причината за пожарот с’е уште не е позната.

Според  бразилски „O Globo“ уште еден од повредите е во критична состојба.

Идентитетот на повредените е соопштен , но не и на загинатите.

SHARE