Во прашање се дечиња, ангелчиња министерке – пишува Горан Момироски (ФОТО)

Откако два дена по ред министерката Мила Царовска не одговара на никаков начин на моите две колумни во врска со употреба на насилство во институција која е дел од нејзиниот ресор и не направи ниту еден чекор во правец на расветлување на инцидентите во кои две деца штитеници на дом за деца без родители се здобиле во видливи рани од малтретирање, пред јавноста откривам детали за детската траума.

Децата според моите информации се натепани од страна на вработени во дом за деца без родители во Скопје каде што раководно лице е именувано од министерката Царовска, при што се стекнале со видливи повреди на лицето.

Според моите сознанија раководното лице знаело за инцидентот и не пријавило до надлежните служби ниту до здравствените институции за да ги прегледаат децата и да утврдат дали освен видливите има и други сериозни повреди на главата или на телото на децата.

Едно од децата брзо по инцидентот е префрлено на друга локација каде што е згрижено со цел да се спречи скандалот.

Од разбирливи причини не ви го откривам идентитетот на децата.

Сега ви презентирам дел од повредата на лицето на едно од малтретираните деца, најверојатно направено со удар со рака или некој тврд предмет.

На фотографијата која е зумирана со цел да не се препознае идентитетот на детето се гледаат видливи промени на бојата на кожата.

Според консултациите со вешти лица од оваа област се работи за промени на кожата кои се карактеристични за повреди кои настанале со употреба на насилство.

Фотографијата ја објавувам со единствена цел конечно по три текста на оваа тема министерката Царовска да ја прифати одговорноста како шеф на ресорот Труд и Социјала и да започне правна процедура со цел да се утврди кој сноси кривична, кој ја нарушил службената одговорност а кој има морална одговорност.

За луѓето кои деновиве пријателски ме предупредуваат дека треба да внимавам затоа што понекогаш децата сами си нанесуваат повреди за да предизвикаат внимание можам само да им порачам дека треба да се каат за ваквата помисла во врска со овие деца, ангелчиња кои што во животот немале иста среќа како и најголем број од децата кои живеат со своите семејства.

Но дури и оваа фантастична теорија да е точна, министерката секако треба да истражи зошто некое дете би го направило тоа и кои се луѓето кои што биле изманипулирани од децата за да ги фотографираат и побараат помош во нивно име.

За тие што не ја следат приказната од почеток:

Царовска молчи, вистината се уште скриена – пишува Горан Момироски

SHARE