Во преговорите за ЈО да се вклучи и меѓународната!?

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев побара во преговорите за Јавното обвинителство да се вклучат и експерти и претставници на меѓународната заедница.

„Како ќе се одвиваат преговорите не можам да кажам однапред. Она што можам да го кажам е дека преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во преговорите исклучиво ако биде повикана и стручната јавност, но и претставниците на релевантниот меѓународен фактор. Токму оние на кои се повикува Заев бидејќи со ова што сега го предлагаа единствено што сакаат да постигнат тој и СДСМ е амнестија за сите криминали“, вели Јанушев.

Еврокомесарот Оливер Вархељи при посетата минатата недела порача дека би било добро законот за јавно обвинителство да се донесе пред распуштањето на Собранието.

SHARE