Во претресот во 1ТВ пронајдени “Бомби” од СЈО, истрага и против двајца пратеници

При вчерашниот претрес на просториите на 1ТВ, чиј сопственик е Боки13, пронајдени се компромитирачки материјали за десетина македонски бизнисмени и фирми, меѓу кои се и Зоран Азманов, Фијат Цаноски, Тинекс, НОЕЛ и други.

Ова го тврди порталот Магазин.мк кој цитира извори блиски до обвинителството.

Магазин дознава дека материјалите биле обработени, селектирани и спремни за изнуда на рекет од бизнисмените, а истите се претпоставува дека се копии од незаконито прислушкуваните материјали кои ги поседува само СЈО. За ваквите материјали и за целата истрага рекет свој придонес дале и професионалци од ОЛАФ (European Anti-Fraud Office), европска агенција за борба против криминал, корупција и перење на пари, кои соработуваат со делегацијата на ЕУ во Скопје.

Според магазин паралелно се води истрага и за двајца пратеници за кои има индиции дека биле дел од оваа групација за медиумско-политички рекет преку злоупотреба на материјалите од СЈО.

Повеќе на магазин.мк

SHARE