Во првите 15 месеци од владеењето на Заев од земјава заминале 300 илјади луѓе ?!

Нова контраверзна изјава на премиерот Заев во која тој индиректно тврди дека за 15 месеци близу 300.000 граѓани заминале од Македонија?

Ваква дилема отвара изјавата на Заев кој рече оти бил сигурен дека 64 отсто од присутните граѓани во земјава излегле да гласаат на редерендумот минатата година.

За ова премиерот се потпира и на истражување на институтот ИФИМЕС чии анализи, според првиот човек на Владата, биле регионално релевантни, објавува ТВ Алфа.

„Јас верувам дека 64 проценти од тие што биле во државава гласале на референдумот“, рече Заев.

Ако се пресметаат бројките тоа би изгледало вака:
На избирачкиот список за септемвриското изјаснување биле запишани 1.806.336 гласачи. На гласање излегле 666.743-ца што според пресметките на ДИК е 36,91 отсто. Но, ако се земе предвид анализата на која се повикува премиерот, за излезност од 64 проценти, тогаш во земјава присутни биле едвај 1.043.000 гласачи. Или 290.400 гласачи ја напуштиле Македонија во последните две години, по предвремените парламентарни избори во 2016.

Повеќе во видеото на Алфа ТВ

SHARE