Во рекетарската група има уште 5-6 лица, вели Героски

Новинарот Бранко Героски кој прв преку серијалот за „рекетарската банда“ алармираше за постоење група која уценува и изнудува огроммни пари од бизнисменив во интервју за ТВ 21 вели дека во скандалот, покрај уапсените“ има уште најмалку 5-6 лица, а дека истрагата на Обвинителството треба да ги докаже овие сомнежи.

„ Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските меѓу двајцата осомничени со уште барем пет–шест лица, според моја проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет.

Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет, во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица“, изјави Героски за ТВ 21.

SHARE