Во Русија задржани 24 тони мувлосан пармезан од Македонија

Експерти на дирекцијата за контрола на храната „Росселхознадзор“ од Санк Петербург не пуштија во градот мувлосано македонско сирење пармезан, со вкупна тежина од 24 тони.

При прегледот на пристаништето вниманието на инспекторите им го привлекол мирисот некарактеристичен за пармезан, а по отворањето на пакетите пронашле мувла на површината и внатре во парчињата сирење.

Против сопственикот на товарот е изготвен протокол за сторен административен прекршок и земени се примероци за дополнителна проверка на безбедноста и на квалитетот на продуктите.

SHARE