По најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Центарот зазависници од дрога од општина Кисела вода ќе се пресели во поранешнара менза на фабриката „Металски Завод-Тито“, најавен е протест на граѓаните од Општина Гази Баба.

Министерството за здравство веќе има добиено решение од градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски. Дислокацијата треба да се случи до крајот на годинава.

Но, станува збор за објект кој не е во сопственост на општината, за таа да може да дава согласност за користење. Од друга страна, ако веќе општината треба да се изјасни, оваа одлука мора да помине низ Советот, односно за неа да гласаат советниците од сите партии. Како Георгиевски сам одлучил дали нешто може или не смее да се случи, тоа допрва ќе треба да се обелодени.

Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години.

Сега, ќе биде решен проблемот со стравот кај граѓаните од Кисела Вода, на грб на граѓаните на Гази Баба.

„Заедно да кажеме СТОП за намерата на Владата, Центарот за зависници од Кисела Вода да го смести во кругот на фабриката во МЗТ во општина Гази Баба.
Како граѓани немаме против оваа категорија на граѓани и нивните права и потреби но нема да дозволиме никој да го нарушува мирот на нас и нашите семејства. Со таа цел ве повикуваме на мирен граѓански протест“-се наведува во повикот за протест.