Во самоизолација и градоначалникот на Велес

Аце Коцевски, актуелен градоначалник на Велес се наоѓа во самоизолација.

Неговата сопруга е матичен лекарна двајца од тројцата заразени од коронавирусот во градот.

Од тие причини, решил да оди во самоизолација, потврди Коцевски за Телма.

До сега во Велес се земени примероци за тестирање од 35 луѓе кои заразените ги навеле дека биле во блисок контакт со нив. По ова се очекува да се тестираат и други околу 200 луѓе.

SHARE