Во Скопје нема серум и вакцина, пронајдено кучето што искаса полицаец

Колегите на полицаецот што попладнево беше нападнат и искасан во центарот на Скопје, кучето напаѓач го пронашле во Вардариште но тоа немало на себе ознака дека е вакцинирано.

Покрај потрагата по кучето колегите на искасаниот полицаец биле во потрага и по серум и вакцина тетанус против беснило која што полицаецот морал да ја прими итно.

И на инфективната клиника и во неколку други здравствени установи и аптеки им било кажано дека проблем со серумот и антитетанус вакцината има подолго време.

Полицаецот бил искасан попладнево во близина а МТВ и хотелот ВИП кога кучето незабележано му пришло зад грб и нападнало без причина.

Очевидци раакажуваат дека бил нападнат само еден од повеќе присутни полицајци во цивил а нападнало само едно од вкупно петте кучиња скитници кои се движеле во група.

Пред три дена во Гостивар бегајќи од глутница во Вардар се удави 17 годишна ученичка.

SHARE