Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се потпишани од спикерот на македонскиот парламент Талат Џафери и веќе објавени во Службен весник, со што тие стапуваат на сила.

Веднаш по објавувањето во Службен весник, Министерството за надворешни работи на Република Макдонија ќе испрати известување до грчкото МНР.

Премиерот Зоран Заев претходно истакна дека потпис од претседателот Иванов не е потребен.

Имено заедно со измените,  Собранието донесе и проглас за амандманите и проглас за Уставниот закон.

SHARE

Оставете Коментар