Во Собранието објавена “Бомба”, во главни улоги З.З и Боки 13

Пратеникот Антонио Милошоски пред малку објавил аудио запис од разговор на лице со иницијали З. З. кој зборува за лицето Боки и како тој наоѓал пари за телевизијата што ја водел.

Милошоски аудио материјалот го објави од говорницата на комисијата на која се расправа за законот за јавно обвинителство.

Подоцна пратеникот прочита и транскриптот од разговорот кој ЗЗ го води со засега непознато лице.

Според транскриптот што го објави Милошоски З. З. признава дека знае за криминалот на Боки 13 и дека “му помагале за маркетингот на телевизијата”.

Притоа се споменува и битолски бизнисмен со чии пари се финансирала телевизијата на Боки 13 за што ЗЗ имал сознанија.

SHARE