Во Струга ставени и македонски знамиња

Откако expres.mk и други медиуми и граѓани објавија дека во Струга во чест на денот на албанското знаме се поставени само албански знамиња попладнето на бандерите се поставени и државни знамиња на Република Македонија.

Според дел од граѓаните на Струга кои реагираат на медиумските извештаи за поставени само албански знамиња, македонските државни знамиња не можеле да бидат поставени одеднаш туку се одело парцијално прво со албански а потоа и државни знамиња.

Вообичаено знамињата се поставуваат со специјални возила или со скали при што одеднаш се ставаат сите знамиња.

Мерко и ДУИ грубо го кршат законот во Струга (ФОТО)