Во светот моментално има 765 милиони малолетни момчиња и девојчиња кои се во брак, што е една третина од вкупно 2,2 милијарди деца на Планетата.

Веројатноста за рано стапување во брак е поголема кај девојчињата, поради што тие се изложени на здравствени проблеми поврзани со малолетничка бременост.

Според една студија на УНИЦЕФ има околу 115 милиони женети малолетни момчиња, а еден на секои пет, во брак стапил пред 15 година.

Анализата на податоците во 82 земји покажа дека поголемиот дел од малолетните младоженци се во Централна Африка – над 28 проценти, по што следат Никарагва со 19 и Мадагаскар со 13 проценти.

Момчињата обично го напуштаат училиштето поради бракот, имаат ограничени економски можности, подложни се на злоупотреба и имаат проблеми со менталното здравје.

SHARE