Во тек е најголемиот предизвик за македонските лекари, учествуваат и експерти од Аџибадем – Систина

Во скопскиот клинички центар во тек е еден од најголемите предизвици за македонската медицина, трансплантација на срце.

Во тимот кој вечерва ја изведува една од најсложените интервенции во медицината се и професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“.

Двајцата лекари се дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои во моментов ја вршат првата трансплантација на срце во земјава, која се изведува вечерва на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ од Клиничката Болница Аџибадем Систина кој има 30 годишно искуство во оваа област, е единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ќе ја работи мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“. Станува збор за тешка и ризична интервенција каква досега не беше направена во Македонија, поради што ова е голем исчекор за македонското здравство.

Министерството за здравство објави дека во тек се подготовките на тимовите. Донор на срцето е почината пациентка чие семејство се согласило срцето да го добие друг пациент кој веќе долго време чека донор.

SHARE