Во Тетово запалени две возила на ЕВН

Tетовската телевизија Коха, ноќеска јави дека горат две возила на ЕВН по што итно интервенирала противожарна единица.

„Околу полноќ голем број граѓани се јавија да пријават дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати“, изјави Ука Алити, командант на тетовската противпожарна единица.