Во Топанско Поле пукано во полицаец

Денеска околу 17 часот во скопската населба Топанско Поле на ул.Методија Митевски е пукано на полицаец од пиштол.

Во близина на продавницс полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Откако им се обратил на двете лица кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје при што се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

SHARE