Во Унгарија затворен „случајот Груевски“

Полицијта ја затвори истрагата за начинот на доаѓањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Истрагата беше поведена во декември минатата година поради сомнение за ,,криумчарење луѓе и други кривични дела од страна на непознат сторител”. Полицијата соопшти дека е истрагата е прекината поради непостоење криминална активност .

Полицијата утврдила дека нема никакво кривично дело и дека Груевски влегол во Унгарија по легален пат, односно тој ги имал потребните патни документи.