Во „Усје“ гори странско ѓубре, но не било опасно

Во печките за производство на цемент во „Усје“ минатата година изгореле 4.400 тони увозен отпад од домаќинствата.

Комуналниот, но не и опасен отпад служи како гориво тврди раководството на фабриката, пренесува „Телма“.

Фабриката само 4 отсто од горивото го купила од странски депонии.

Другото гориво за печките е јаглен и кокс.

Истражувањата и мерењата на компанијата покажале дека ако горат комунален отпад помалку го загадуваат воздухот.

Проверките се редовни тврди заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

SHARE