Во земјотресот загина и вереница на синот на Еди Рама


Меѓу жртвите на разорниот земјотрес што ја погоди Албанија е и вереницата на постариот син на премиерот Еди Рама, објавија медиуми.

Веста за смртта на свршеницата ја потврди и синот на Рама, Грегори.

Запрашан за овој трагичен настан, Рама рече дека не може да зборува за работи што се лични.

„Не можам да зборувам за тоа“, рече албанскиот премиер кој вознемирен се повлече пред камерите…