Сириски Курд се запали пред Високиот комесаријат на ОН (УНХЦР) за бегалци во Женева, пред минувачите во квартот каде што е европското седиште на ОН.
Пожарникарите, веднаш го презеле повредениот и со хеликоптер го однеле до Универзитетскиот болнички центар во Лозана.
Седиштето на УНХЦР се наоѓа наспроти колективен центар за згрижување баратели на азил, вклучувајќи и сириски Курди.
Триесет и едногодишниот маж, кој живее во Германија, не го објаснил својот гест, изјави за АПФ Силвен Гијом-Жантиј, портпарол на полицијата во Женева.
„Ги претпоставуваме причините, но немаме конкретни елементи“, рече тој.