ДУИ води политичка кампања без да го спомене името, ниту обезбедува присуството на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. На нивните пропагандни материјали стои изразот „Консензуален претседател“, забележува изборниот мониторинг на ЦИВИЛ. 

За ДПА и Алтернатива на Африм Гаши, од ЦИВИЛ забележуваат дека на нивните собири има само партиски симболи и реквизити како да се работи за партиска кампања и не се спомнува ни име, ниту редниот број на кандидатот Пендаровски кој треба да се заокружи во гласачкото ливче.


 Извор: ЦИВИЛ

SHARE