„Водовод“ им ги простува каматите на должниците

Јавното претпријатие преку Фејсбук ги повика граѓаните на Скопје, да го платат заостанатиот долг на рати и без притоа да им биде пресметана и камата.

Спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање, започнува од денеска.

Од претпријатието ги повикуваат сите граѓани кои имаат долг да го искористат периодот до 29.11.2019, кога одлуката престанува да важи.

SHARE