„Воинот на коњ“ стана хеленско наследство

Започна поставувањето ознаки на спомениците согласно Договорот од Преспа.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на  ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Поставена е и ознака на споменикот на Олимпија, на плоштадот и парк Ибни Пајко и таму пишува: „Во чест на Олимпија, историска фугура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно историско наследство“.

Името на спомениците останува исто, но се истакнува дека станува збор за историска фигура од античката хеленска историја. Вакви споменици има во неколку градови во земјава.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.(МИА)

SHARE