„Северна“ не ја есапи ни капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, кој во видео од 45 секунди им се претстави на навивачите на својот нов клуб Гравелин-Данкерк од Франција дека доаѓа од Македонија, нагласувајќи дека со неа беше полуфиналист на Европското првенство 2011 во Литванија.

„Добар ден. Се викам Војдан Стојановски. Од Македонија сум и играм за репрезентацијата речиси над десет години. Имам четири европски првенства, од кои најдобриот пласман го остваривме во 2011 година, кога го освоивме четвртото место во Литванија. Секако, голем резултат за нас и за цела Македонија“, вели тој во снимката, додавајќи дека се сеќава по малку и на настапот со Алба Берлин токму против својот сегашен клуб во Еврокупот во 2013 година.

SHARE