„Војна“ во Чиле поради поскапениот јавен превоз

Чилеанскиот претседател Мигел Хуан Себастијан Пињера воведе вондредна состојба, а војската излезе на улиците откако избија масовни протести поради поскапување на струјата поради што поскапел и превозот во подземната железница.

Ова се најголемите протести во економски и политички најстабилната земја во Латинска Америка (највисока минимална плата, економски раст од 2,5% и инфлација од само 2%) од 1990-та година.

Три лица загинаа, најмалку 300 демонстранти се уапсени, а повеќе од стотина граѓани и над 150 полицајци во главниот град Сантијаго кој има околу 7 милиони жители завршија во болница.

Супермаркетите и автомобилите горат, оштетени се најмалку 80% од станиците на подземната железница, а штетата се проценува на околу 700 илјади долари.

Претседателот после незадоволството веднаш ја повлече одлуката, но тоа не ги спречи демонстрантите да продолжат да прават хаос, да ограбуваат продавници и бензински станици, како и банки и банкомати.

Но, една од главните причини за избивањето на протести од такви размери може да се каже дека беше фотографијата на претседателот како безгрижно јаде во пицерија во центарот на Сантијаго, додека главниот град е потресен од жестоки протести.

SHARE