Војска против „Жолтите елеци” на француските улици

Француската армија е повикана да ги штити владините згради за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Франција, со цел полицијата и безбедносните сили да можат да ги спречат евентуалните немири.

За денеска е најавен  19-тиот викенд на протести на „жолтите елеци“ кои започнаа во ноемрви како револт поради зголемување на цените на горивата.

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се подготвува да се спротивстави на  насилни протести по минатонеделните немири.

Под притисок да се спречи повторувањето на насилството минатиот викенд на Елисејските шиити, каде што околу 100 продавници беа запалени, ограбени или оштетени, владата оваа недела објави дека ќе прераспореди војници од антитерористичкитe сили за да ги чуваат јавните згради.

За да се спречат какво било конфронтација, властите, исто така, забранија “жолтите елеци” да се собираат во центарот на неколку градови.

Запрашан за контроверзната мерка, Макрон вчера во Брисел истакна дека армијата „нема да биде вклучена во одржување на редот и законот“.

Некои министри за „жолтите елеци“ веќе не зборуваат како за демонстрнти туку ги нарекуваат бунтовници.

Францускиот генерал Бруно Ле Реј во петокот објави дека војниците кои се мобилизирани против движењето„жолти елеци“  ќе дејствуваат по строги инструкции, но би можеле да отворат оган ако бидат загрозени нивните или животите на цивилите.

SHARE