„Војводи“ за 4 мај: Не постои срп со кој може да се исече пирејот што расте во нашите срца

Навивачката група „Војводи“ од Тетово демантира дека била инструирана од политичка партија за попречувањето заедно со „Комити“ на министерката за одбрана Радмила Шекеринска да даде изјава за медиумите пред црквата „Свети Спас“ на 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Ги демантираме сите клевети и невистини кажани од страна на одредени политички субјекти и медиуми, дека на 04.05.2020 год. на скопското Кале сме биле испратени под директива на некоја политичка партија. Ние како и секоја година така и оваа во овие тешки услови се организиравме за да оддадеме почит на нашиот великан Гоце Делчев, а исто така како и до сега ќе продолжиме и во иднина. Нас не може ниту една партија, ниту пак личност да не испрати на некое место за политички цели.
Нас не испраќаат и ги следиме само идеалите кои живеат во нас, нас не испраќа срцето, патриотизмот, вербата и љубовта кон Македонија и нашиот народ и почитта кон сите наши борци кои со крв ја платија нашата сегашна слобода.
Во ниту едно законодавство во светот, не постои член со кој се забранува и казнува љубовта и почитта кон татковината.
Па затоа и би се запрашале за што поточно се бара прогон и казнување на нас?
За пеење песни стари со векови или за оддавање почит на ликот и делото на големиот Гоце Делчев?
Навистина сме згрозени од овој ‘демократски’ начин на владеење на правото, но нашата порака е јасна.
Не се плашиме!
Нема да успеете и да дозволиме да ја згаснете нашата љубов кон татковината, народот, историјата!
Не постои срп со кој може да се исече пирејот кој расте во нашите срца!

СО ВЕРБА ВО БОГ, ВОЈВОДИ ДО ГРОБ!!“, порачаа „Војводи“ на Фејсбук.

SHARE