Вонредна вест: Грција одложи ратификација на неколку договори со Македонија

Грчките власти од засега нејасни причини денеска ја одложија ратификацијата на неколку билатерални договори за соработка со Македонија кои произлегуваат и требаше да го продлабочат Преспанскиот договор.

Ова денеска го објави спикерот на грчкиот парламент Константинос Тасулас според кого договорите за соработка со Македонија се одложуваат на неопределено време затоа што мисли дека не се итни.

“Ништо не е итно. Добив впечаток дека нивната ратификација не е приоритет”, изјавил спикерот во Атина запрашан кога договорите со Макеоднија ќе бидат ставени на гласање во парламентот.

Оваа позиција на Тасулас е спротивна на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу која по средбата со премиерот Заев пред неколку дена во Атина изјави дека со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји Договорот од Преспа мора да биде целосно спроведен вклучително и договорите кои сега Атина ги става на страна.

Македонските власти не најавија дека може да дојде до одложување на договорите од кои Макеоднија за разлика од преспанскиот може да има корист.