САД бара Франција да го поддржи влезот на Македонија во НАТО и ЕУ

Државниот секретар на САД Мајк Помпео вечерва побарал од францускиот министер за надворешни работи Жан Ивс Ле Дријан да го поддржи НАТО при упатување на покана за членство на Македонија.

Истовремено Помпео побарал Франција да го поддржи отворањето на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ по потпишување на договорот за името со Грција.

Секретарот Помпео и министерот Ле Дријан разговарале по телефон за време на патувањето кон Сирија.

SHARE

Comments are closed.