Вработена во суд зема 6.500 евра за да договори пресуда

Видео на кое се гледа вработена во Основен суд во Скопје како договара и зема поткуп за да договори пресуда, објави DOSIE.MK.

Се работи за вработена во оддел за стопански спорови.

Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6.500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината. Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење.

Осомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима.

SHARE