„Ова со „помирувањето“ не ми излегува од глава. За евидентно противуставна селективна амнестија, т.е. за закон кој важи само по молба на осомничени, обвинети или осудени, си гласаа здружено дури 95 пратеници. ОКО НЕ ИМ ТРЕПНА!

Сите си имаат свои причини. Докажаа дека се заедно, дека врана врани очи не вади, и дека кога се во прашање пари (за финансирање на партиите) или за спасување сопствена кожа – тие се сојузници“, пишува професорката Билана Ванковска на нејзиниот Фејсбук профил во врска со Законот за амнесија кој вчера беше донесен  со 95 гласови „за“ и ниту еден „против“ или„вздржан“.

Да се разбереме, од самиот почеток ова беше една голема игранка, и тоа на двете божем завојувани страни, пишува Ванковска.

„Они као нападају, ови се као бране. (Иако е апсурдно да зборуваме за некој кој се нарекува Нинџа како за кредибилен сведок, сепак она што го разбрав од кажаното е дека пола ДПМНЕ си било на безбедно на 8 кат, додека луѓето на улица ги искористија како маша -ако помине, нека помине, ако не – ништо. Нивните пратеници мјаукаа внатре воПарламентот. Предавството веќе беше почнато.). Значи, нивна колатерална жртва беа луѓе кои веруваа дека протестираат за правична кауза. И каузата беше коректна, но тие не можеа да знаат дека покрај масата од илјада луѓе ќе пуштат тепачи за да завршат некоја валкана работа, а вината да заврши на „десио сенарод“.

Бев една од првите кои уште на почетокот на кривично-судскатафарса реков дека Дурловски, Дамовски, Бетмен, Елена и останатите од движењето не можат да бидат терористи – ме расчеречија токму оние кои денес молчат иаминуваат. Тоа што некој бил уметник не значело дека не може да биде излосторник, терорист – така ме подучуваа и некој Кокаланов, и Тортевски, и кој стаса… Квалификацијата на делото беше свесно одбрана – за да имаат голем адут в рака, а не затоа што имаа индиции или докази.

Ако се одеше по нивна логика, оние што го симнаа Милошевиќ на 5 октомври или Бугарите кои влегуваа во парламентот, за жолтите елеци и да не зборувам – сите се терористи!

Целиот пост на Ванковска на следниот ЛИНК

SHARE

Оставете Коментар